Делегација на УТМС во текот на денешниот ден, престојуваше во работна посета на Општина Центар. За време на посетата, Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент, проф. д-р Аце Миленковски и Градоначалникот на општината, м-р Горан Герасимовски, потпишаа меморандум за соработка во областа на високото образование. Од страна на двајцата соговорници, беше потенцирана важноста на стручното доусовршување на младите, во процесот на креирање на кадри, кои во иднина ќе бидат столб на развојот на локалната заедница и државата воопшто. На крајот од работната посета, Ректорот Миленковски на градоначалникот на Центар му врачи ваучер за стипендирање на петнаесет студенти, кои УТМС преку Фондацијата „проф. д-р Љубе Миленковски“ ги доделува на идните академски граѓани од оваа општина.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2027-utms-potpisha-memorandum-za-sorabotka-so-opshtina-centar-i-dodeli-petnaeset-stipendii#sigProIdbfcd8461fa