Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје и проф. д-р Аце Миленковски и градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов потпишаа Меморандум за соработка во областа на туризмот и развојот на туристичката понуда во општина Валандово.
Меморандумот предвидува партнерска соработка на универзитетот и општината, заедничко аплицирање на проекти кои предвидуваат развој на туризмот, креирање и градење на локални туристички брендови, организирање на обуки и семинари за граѓаните и доделување на петнаесет стипендии за запишување на додипломски студии на студенти од општина Валандово во академската 2022/2023 година.
View the embedded image gallery online at:
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2026-utms-potpisha-memorandum-za-sorabotka-so-opshtina-valandovo-i-dodeli-petnaeset-stipendii#sigProId8c2888288d
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2026-utms-potpisha-memorandum-za-sorabotka-so-opshtina-valandovo-i-dodeli-petnaeset-stipendii#sigProId8c2888288d