Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент проф. д-р Аце Миленковски и Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денес во просториите на општината. потпишаа меморандум за меѓусебна деловна соработка.
Од Фондот за стипендирање „Проф. д-р Љубе Миленковски“, УТМС додели петнаесет стипендии за идните “ Бруцоши” од Општина Гази Баба, кои сами ќе го определат својот иден академски развој, на оваа реномирана високошколска институција. На средбата беше заклучено, дека инвестирањето во образованието на младите е чекор напред во градењето на стручно и одговорно општество од кое бенефит ќе имаат сите.