На 19ти Април во хотелот Парк во Скопје се одржа 13тото Државно Првенство на Бармени.
Натпреварот беше во организација на Здружението на Бармени на Македонија кое е член на IBA - Интернационалната асоцијација на бармени. Учество земаа 20 бармени кои што ги презентираа своите креации пред стручно жири, кое ги избра најдобрите.
Шампионот на ова првенство е Петар Ставрески кој во ноември оваа година ќе ја претставува Македонија на Светското првенство на Бармени во Куба, додека второто и третото место го освоија Вања Головски и Никола Стојмановиќ.
Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје како долгогодишен поддржувач на барманската култура во Македонија додели благодарници и плакети „За посебен придонес во развојот на барската култура во Македонија“ на бармените Ѓорѓи Симјановски, Методија Перунковски и Александар Бошев.
УТМС додели и признанија за најдобра техника кои што ги освоија Сара Станкова и Никола Тиков.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2022-utms-i-ovaa-godina-poddrzhuvach-na-drzhavnoto-prvenstvo-na-barmeni#sigProIdb7e93c6c24