Во рамките на промотивните активности за предностите на студирање на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, матуранти од СУГС „8-ми Септември” од Скопје го посетија универзитетот. За време на посетата матурантите имаа можност да остварат средби со академскиот кадар и да добијат информации за уникатните предности на студирање на УТМС. При тоа им беше објаснета методологијата на студирање која е аплицирана според најпрестижните универзитети во светот, меѓународно признатата диплома, моделот на учење преку вежби и пракса, можностите за студии и работа во странство, платфотмата Е-студент и Е-библиотека и можностите за користење на најсовремена домашна и странска литература, примената на дигиталната технологија во процесот на учење и амбиентот на УТМС. Во непосредната комуникација со вработените и студентите, матурантите изразија задоволство од можностите за студирање на УТМС според меѓународни стандарди.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/201-maturanti-od-sugs-8-mi-septemvri-od-skopje-vo-poseta-na-utms#sigProId9a17eac40d