Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје, кој постојано работи на развивање на регионалната и меѓународната соработка денес 07.04.2022 година со своја делегација беше во посета на Општина Охрид. На оваа работна средба Ректорот на УТМС проф. д-р Аце Миленковски и Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков потпишаа Меморандум за соработка.
УТМС секогаш е подготвен да им го даде на студентите сето потребно знаење, и да ги насочи кон вистинските приоритети, со цел создавање на подобра иднина, а воедно и кадри, кои ќе бидат неопходни за новите научни и професионални барања на општеството и бизнис заедницата. Поаѓајќи од оваа своја водилка, денес Ректорот Аце Миленковски на Општина Охрид доделени 15 стипендии за додипломски студии.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/2009-potpishuvanje-na-memorandum-za-sorabotka-pomegju-utms-i-opshtina-ohrid-i-dodeluvanje-na-petnaeset-stipendii#sigProId5238025e30