Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент, проф. д-р Аце Миленковски и Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски потпишаа меморандум за соработка помеѓу УТМС и Општината Демир Хисар.
Со цел да обезбеди поддршка и помош во развојот на образованието и науката на Република Македонија, Ректорот Аце Миленковски преку Фондот за стипендирање „Проф. д-р Љубе Миленковски“, додели петнаесет стипендии на Општина Демир Хисар.