Во рамките на стратешката определба на Универзитетот за туризам и менаџмент за соработка со интернационални универзитети, денес Ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски потпиша Меморандум со проф. д-р Питер Ковач од Факултетот за економија и бизнис администрација на Универзитетот Сегед.
Потпишувањето на овој Меморандум за меѓународна соработка за образование и за поттикнување на културната размена и истражување претставува унапредување на меѓусебната соработка преку размена на добри практики.