Редовната седница на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Економскиот факултет се одржа на 15-ти декември, со присуство на сите членови на одборот.
На истата беа исклучително организационо-научно-развојно и прагматично третирани досегашните и перспективните аспекти на Економскиот факултет (студенти, наставно-научен и координативен аспект) во рамките на Универзитетот, со особено вклучување на можностите за понатамошно подигнување на (и досега исклучително високото) ниво во сите сфери на делување.
Меѓу другите, особена апострофираност беше посветена на Новите (четири годишни) студиски програми, можностите за соработка на Универзитетот со јавниот и приватниот сектор, обуките и тренинзите, меѓународниот научен конгрес ICON BEST 2022, праксата на студентите и изборот на новите членови на Одборот (Сашо Дамчевски и Зоран Краљевски).
Свое излагање имаше и Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Аце Миленковски, кој го истакна сигнификантниот дел на реакредитацијата од страна на UNWTO по основ на квалитет во високото образование, и официјалното рангирање –УТМС е на 98-то место во светот.