На 06.12.2021 година се одржа редовна седница на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за претприемачки бизнис во рамките на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
На седницата, г-дин Јован Грков, беше избран за нов претседател на Одборот. Тој предложи, врз основа на идеите и мислењата кои беа споделени на седницата со проактивно вклучување на сите членови на Одборот, да се подготви предлог годишна програма за работа на Одборот која ќе се разгледува на следниот состанок.
Согласно дневниот ред на седницата беше презентирана постапката и резултатите од TedQual системот за сертификација на Обединетите нации преку кој е ревидирана работата на Универзитетот за туризам и менаџмент и по втор пат му е доделена TedQual диплома, за висок квалитет на наставата од страна на Обединетите нации преку Светската туристичка организација. Членовите на Одборот дискутираа за потребата од потенцирање на стекнатото престижно признание на УТМС како единствена високообразовна установа со TedQual диплома во земјата во сите промотивни активности на Универзитетот. Исто така, врз основа на своето долгогодишно професионално искуство и експертиза членовите на Одборот дебатираа и за можностите на продлабочување на соработката на Универзитетот со бизнис секторот во заеднички проектни и истражувачки активности.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1984-odborot-za-sorabotka-i-doverba-so-javnosta-na-fakultetot-za-pretpriemachki-biznis-na-utms-odrzha-sednica#sigProIde24058191b