На 24.11.2021 година се одржа седница на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент.
На седницата според предвидениот дневен ред се дискутираше за предлози во врска со проширување на членовите на Одборот. Се разгледуваа предлози за новата уписна кампања 2021-2022 година.
Главната дискусија беше фокусирана на можностите за изведување на практична настава на студентите на ФМММ.
Големото професионално искуство на членовите на овој одбор овозможи плодна дискусија на полето на маркетингот во ова време на пандемија преку споделување на искуства и знаења. Членовите од одборот беа кооперативни во однос на можноста како гости предавачи да го споделат своето професионално искуство и знаење пред студентите на Универзитетот за туризам и менаџмент.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1972-odborot-za-sorabotka-i-doverba-so-javnosta-na-fakultetot-za-megjunaroden-marketing-menadjment-na-utms-odrzha-sednica#sigProId47b5fb77a1