Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент, проф. д-р Аце Миленковски и деканот на Економскиот факултет од Суботица, проф. д-р Небојша Гвозденовиќ, потпишаа меморандум за соработка.
Средбата за потпишувањето на меморандумот се одржа на 10.11.2021 година во Бујановац, каде што Економскиот факултет од Суботица има дисперзирани студии.
По повод потпишувањето на меморандумот, ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент, проф. д-р Аце Миленковски, истакна дека интензивирањето на соработката на двете високо-образовни установи ќе се реализира на образовен план, размена на знаења и искуства помеѓу високо-образовниот кадар и студентите како и на планот на наставно- научната работа.
Деканот, проф. д-р Небојша Гвозденовиќ, изјави дека ова е само првиот чекор за сите следни соработки со Универзитетот за туризам и менаџмент.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1971-univerzitet-za-turizam-i-menadjment-potpisha-memorandum-za-sorabotka-so-ekonomskiot-fakultet-od-subotica#sigProIdbf97888ad6