Во рамките на Програмата ЕРАЗМУС+, претставници од Универзитетот за туризам и менаџмент остварија работна средба со проф. д-р Ваниа Кузова Банабакова и проф. д-р Николаи Бонев Ничев од Националниот Воен Универзитет „Васил Левски“ од Велико Трново, Р. Бугарија. На средбата беше разговарано за размена на академски кадар и студенти преку ЕРАЗМУС+ Програмата. За таа цел двете страни потпишаа договор за соработка.