На 17.06.2021 година на Универзитетот за туризам и менаџмент се одржа свечена промоција на книгата „Сегашни и идни хоризонти“ од г- дин Марјан Ѓорчев. Официјално промоцијата ја отвори ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент, проф. д-р Аце Миленковски кој во своето обраќање го потенцираше значењето на образованието како фундаментален цивилизациски столб кој влије врз креирањето на општествено-економската парадигма.
Потоа на присутните им се обрати промоторот на книгата ,, Сегашни и идни хоризонти” д-р Александар Литовски, кој во своето излагање ја потенцираше уникатноста на делото во однос на аналитичкиот приод во толкувањето на историските, актуелните и идните општествено-политички и економски парадигми.
Свое обраќање имаше и уредникот на издавачката куќа „Аз- Буки“, д-р Лазар Фотев кој ја истакна динстинкцијата помеѓу реалноста и фикцијата толкувана низ призмата на витален патриотизам.
Свечената промоција заврши со обраќање на авторот, г-дин Марјан Ѓорчев, кој ја потенцираше потребата од адаптибилност кон современите културолошки трендови во светот како и за редефинирањето на геополитичките и геостратешките детерминанти.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1927-na-utms-se-odrzha-svechena-promocija-na-knigata-segashni-i-idni-horizonti#sigProId29e0e3aebf