Во рамките на проектираните стратешки определби, делегација од Универзитетот за туризам и менаџмент, предводена од ректорот, проф. д-р Аце Миленковски, оствари работна посета на Узбекистан. За време на посетата беше остварена средба со заменик претседателот на владата на Узбекистан, г-дин Азиз Абдукхакимов. На средбата се разговараше за конкретни проекти за поттикнување и интензивирање на соработката помеѓу двете држави во областа на образованието и туризмот. Делегацијата од УТМС оствари деловна посета на најреномираниот универзитет во Узбекистан, Меѓународниот универзитет за туризам „Silk Road“ во Самарканд. Двата универзитети потпишаа договор за соработка за академска мобилност на студенти и академски кадар. Ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски и деканот на Факултетот за туризам, доц. д-р Сашко Граматниковски, одржаа предавања пред студентите на овој универзитет.
За време на посетата на Узбекистан, делегацијата од УТМС оствари средби и потпиша договори за соработка и со други реномирани колеџи кои едуцираат студенти од областа на туризмот: „Tashkent Technicum of Tourism and Hotel Management“, „College of Tourism and Service of Bustanlik“, „Margilan College of Tourism and Service“ и „Khiva College of Tourism and Service “.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1925-delegacija-od-utms-ostvari-delovna-poseta-na-uzbekistan#sigProId2afad89bc2