Во периодот од 04 – 06 - ти декември 2020 година, студентите од Факултетот за туризам и Факултетот за информатика на Универзитетот за туризам и менаџмент, беа учесници на Хакатонот „ReFRESH: Agribusiness & Tourism”, односно, тематскиот хакатон за туризам, во организација на Студентскиот парламент на ФИНКИ. Активноста се реализира со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – Increasing Market Employability (IME).
Студентите на Хакатонот работеа под менторство на професорите од УТМС: доц. д-р Сашко Граматниковски, доц. д-р Дејан Наковски и доц. д-р Ана Секуловска Јовковска.
Хакатонот има за цел да создаде продукти и решенија кои би нашле примена во туризмот со цел стимулирање на туризмот во Македонија.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1864-refresh-agribusiness-tourism#sigProId2a678d7edd