Универзитетот за туризам и менаџмент на 18.11.2020 зема учество На проектот All Routes Lead to Rome. Поради пандемијата на КОВИД-19, состанокот беше реализиран во онлајн форма на основ на агенда развиена и споделена заеднички од страна на сите партнери.
На состанокот, Партнерите дискутираа за напредокот на проектот и видеата креирани од страна на партнерите. Партнерите ги разгледаа сите видеа и дискутираа за содржината, стилот како и за ефектот кој истите ќе го имаат врз студентите. Се договорија за краен рок за финалната верзија на видеата – 27 ноември.
All Routes Lead to Rome е проект кофинансиран од Erasmus+ програмата на Европската Комисија, кој вклучува Конзорциум на 8 партнери од 5 земји (Белгија, Италија, Грција, Македонија и Шпанија).
Проектот има за цел да овозможи универзитетските студенти да ги препознаваат и трагаат по најдобрите стратегии за да го зголемат економскиот поврат на античките патни мрежи, да развијат основни и трансверзални вештини како самодоверба, лидерство и способност за работа во групи, решавање на проблеми, совладување на дигитални вештини и познавање на повеќе јазици.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1851-all-routes-lead-to-rome-18-2020#sigProId4a931a5c29