Во пресрет на Новата 2020 и на крајот на 2019 година, традиционално, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје организираше новогодишна програма за доделување на богати и слатки пакетчиња на децата на вработените. Интерактивната програма предводена од Дедо Мраз преку игра и смеа ги израдува дечињата, водејќи ги во светот на бајките каде детските фантазии и желби стануваат реална насмевка, среќа и радост. Програмата заврши со доделување на новогодишни пакетчиња од Дедо Мраз и неговите пораки за среќно и весело детство и среќна нова година.
View the embedded image gallery online at:
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1660-tradicionalno-utms-organizirashe-novogodishna-programa-za-dodeluvanje-na-paketchinja-na-decata-na-vrabotenite#sigProId2cb9e8ce68
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1660-tradicionalno-utms-organizirashe-novogodishna-programa-za-dodeluvanje-na-paketchinja-na-decata-na-vrabotenite#sigProId2cb9e8ce68