На Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје постои перманентната интензивна меѓународна соработка. Академскиот кадар добива поддршка да ги унапреди своите професионални и академски знаења.
Доцент д-р Љупка Наумовска е на студиска посета во Соединетите Американски Држави преку стипендија на US State Department од програма World Chicago. Во рамките на 5 неделната програма доц. д-р Наумовска одржа предавање пред студентите од трета година на факултетот за ПР Комуникации на Columbia College Chicago, оствари посети и средби со академските кадри на Kellogg Business School, Northwestern University и DePaul University.
Во рамки на програмата, доц. д-р Наумовска остварува средби со реномирани претставници од академската и бизнис заедница од државите Илиноис и Вашингтон меѓу кои и средба со светски препознаениот бизнисмен со македонско потекло Мајк Зафировски, основач на организацијата Macedonia 2025, професорот Ан Мери Мичел од Columbia College Chicago, консултантите и експерти Тера Винстон, Елен Рогин, Даниел О Нил, Мелиса Харис и многу други.
Кон крајот на програмата доц. д-р Наумовска ќе оствари и посета на State Department во Вашингтон.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1640-neprocenlivi-iskustva-od-studiskiot-prestoj-na-del-od-akademskiot-kadar-na-utms-vo-soedinetite-amerikanski-drzhavi#sigProIde75bc1441e