Универзитетот за туризам и менаџмент со свои претставници зеде активно учество во работилницата: „Развој и вмрежување преку виртуелни иновациски центри за поголема иновативност, достапност на ресурси и развој на иновативни идеи. Настанот се одржа на 27 и 28.09.2019 година во хотел Сириус, Струмица. Проектот е финансиран од Европската Унија преку секторот за Централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) и Министерство за финансии на Република Северна Македонија, во рамки на грантовата шема за имплементирање проекти насочени кон зголемување на конкурентоста на земјите кориснички.