Осма година по ред Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, е дел од манифестацијата „Преспански јаболкобер“ во Ресен.
„Преспанскиот јаболкобер“ се организира на христијанскиот празник Крстовден, кога со симболичко откинување на првото јаболко во овоштарникот на АД Агроплод Ресен, се означува почетокот на сезоната на бербата на јаболката во овој крај. Манифестацијата трае два дена со богата култуно-уметничка, забавна и спортска програма, на повеќе локации во градот, а УТМС зема учество вториот ден, во делот предвиден за штандовска промоција. Претставниците на УТМС беа почестени со посетата на делегација предводена од градоначалникот на Општина Ресен, доктор Живко Гошаревски, а со него беа и министерот за земјоделие, г-н Трајан Димковски, потоа директорот на Платежната агенција за земјоделие и рурален развој, м-р Николче Бабовски, инаку магистер на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и други членови.
Тимот на УТМС составен од вработени и студенти успешно се претстави, при што, промотивен материјал беше поделен на присутните на плоштадот „Цар Самул“, како и на минувачите на штандот, на кои им беа давани и дополнителни информации за конкурентските предности на УТМС.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1613-utms-na-prespanski-jabolkober#sigProId2d28a1c402