Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, како придружна членка Светската туристичка организација UNWTO, традиционално преку соодветни активности, секоја година го одбележува 27 Септември - Светскиот ден на туризмот.
Оваа година, одбележувањето на денот на туризмот, тематски ги обедини двете образовни институции кои продуцираат кадри за потребите на туристичката индустрија, а тоа се: Факултетот за туризам во Скопје и Средното училиште на Град Скопје “Лазар Танев”.
Во организација на Факултетот за туризам, денес на УТМС престојуваа ученици и професори од средното училиште, кои покрај можноста да се запознаат со условите, начинот и методологијата за работа во процесот на профилирање на високообразовни кадри, своето знаење го надградија и преку реализираната обука од страна на Факултетот за туризам и Асоцијација на бармени на Македонија.
За значењето на туризмот и неговиот придонес во економскиот развој на глобално ниво, свое излагање имаше проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски, професор на Факултетот за туризам и Проректор за настава на УТМС.
На самиот крај од активности посветени на светскиот ден на туризмот, беше потпишан Договор за понатамошна соработка помеѓу двете институции, претставени преку доц. д-р Сашко Граматниковски, Декан на Факултетот за туризам на УТМС и г-ѓа Слаѓана Трпковска Салтирова, Директор на СУГ „Лазар Танев“.
Впрочем, овој начин на одбележување на денот, во корелација е со заложбите на Светската туристичка организација, а тоа е развивање на свеста за важноста на туризмот во економското закрепнување и создавање на нови работни места.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1612-utms-i-sugs-lazar-tanev-skopje-zaednichki-go-odbelezhaa-svetskiot-den-na-turizmot#sigProIdb89f667345