ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ЗА ПРИДОНЕС ВО ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТУРИЗМОТ

ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ЗА ПРИДОНЕС ВО ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТУРИЗМОТ

По повод Светскиот ден на туризмот, 27 Септември, Министерството за економија додели признанија на најуспешните туристички агенции, хотелиери, туристички манифестации, најдобрите ресторани за 2019 година, како и на институциите кои континуирано придонесуваат за развој на туризмот во државата.

Г-дин Крешник Бектеши, Министер за економија, му додели признание за посебен придонес во областа на туризмот на Факултетот за туризам на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Деканот на Факултетот за туризам, проф. д-р Сашко Граматниковски ја прими наградата на свечената манифестација во организација на Министерството на економија.

Ова е уште едно од низата награди и признанија за Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје како потврда за континуираното професионално делување во областа на туризмот.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).