Во духот на својата општествена одговорност и хуманата мисија, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје го поддржа настанот „Правиме добри дела и растеме заедно” преку кој се одбележува Април - месецот за свесност за аутизмот. Настанот се реализираше на 14.04.2019 година во градскиот парк и беше инициран и организиран од организацијата Inner Wheel Club Europea од Скопје.
Настанот беше збогатен со анимации, игри, песни, и креативни работилници а беше посетен и од претставници од Владата на Република Македонија, како и од институции и организации кои имаат докажана општествено одговорна кауза кон ранливи категории.Подржувањето на инклузивните движења и општествено одговорното однесување останува да биде дел од мисијата на УТМС.
View this gallery on Flickr
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1536-utms-go-poddrzha-humanitarniot-nastan-za-odbelezhuvanje-na-april-mesec-na-autizmot#sigProId77bc708f9b