РЕФОРМИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО НА ГЛОБАЛЕН ПЛАН СЕ ПРЕДУСЛОВ ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ – ЗАКЛУЧОК ОД МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ „ICON BEST 2018”

РЕФОРМИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО НА ГЛОБАЛЕН ПЛАН СЕ ПРЕДУСЛОВ ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ – ЗАКЛУЧОК ОД МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ „ICON BEST 2018”

Реформите во високото образование се приоритетна и централна тема на глобално академско и економско ниво, земајќи ја предвид динамиката на бизнисот, технолошките промени и промената на генерации.

Токму оваа тема беше афирмативна на Меѓународниот научен конгрес „ICON BEST 2018” кој се одржа, денес, 15.10.2018 година. Биеналниот конгрес кој е во организација на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје се организира по шести пат обединувајќи врвни академски и експертски имиња од земјава и странство. Темата на конгресот „Глобална едукација, вештини и компетенции: преку квалитетна бизнис едукација до пресретнување на пазарните потреби”, предизвика силно внимание во светот, а е поттикната од предизвикот на рапидно прогресивниот глобален бизнис и несоодветноста на дел од кадрите. Потребата од синхронизирање на академското образование и бизнисот е ургентна и подразбира реформи кои треба да се имплементираат глобално.

Конгресот го отвори проф. д-р Зоран Ивановски, проректор за меѓународна соработка на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
На пленарната сесија со научно-истражувачки предавања се обратија: проф. д-р Зоран Ивановски, проректор за меѓународна соработка и професор на УТМС, проф. д-р Сашо Кожухаров, проректор за наука и декан на Економски факултет на УТМС, проф. д-р Зоран Ивановиќ од универзитетот во Риека, Хрватска и почесен доктор на науки на УТМС, Проф. д-р Јасемин Ќосе, декан на Факултетот за економски и административни науки на универзитетот „Булен Еџевит” во Р. Турција, доц.д-р Благица Новковска, професор на УТМС, и проф. д-р Симе Арсеновски, професор на УТМС.

Темите на конгресот беа сегментирани во 8 панели: 1. Туризам, 2. Маркетинг и интегрирани комуникации, 3. Човечки ресурси, лидерство и компетенции 4. Менаџмент, претприемништво и нови технологии, 5. Економија и финансии, 6. Бизнис едукација и обезбедување на квалитет, 7. Политика и правни аспекти на едукацијата и 8. Отворени теми поврзани со бизнис едукација.

Во дел од заклучоците на конгресот се истакна потребата од синхронизација на државните, образовните, корпоративните и граѓанските организации во правец на генерирање на промени и реформи во еден од најзначајните ситеми во општеството - образовниот.

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје кој годинава одбележи 12 години успешна работа, постојано ја приоритизира науката, истражувањето и соработката со странство, а во правец на изедначување на домашните стандарди за квалитет во образованието со светските.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).