Универзитетот за туризам и менаџмент се со цел да биде што е можно поблизу до компаниите или јавните претпријатија чии вработени сакаат да го оформат или, пак надоградат своето образование, одлучи да овозможи склучување на договори за деловна соработка, со кои на сите заинтересирани им се дава можност да студираат со одреден попуст.
Имено, вакви договори за деловна соработка Универзитетот за туризам и менаџмент веќе има потпишано со неколку средни и основни училишта во Скопје, со кои вработените добиваат попуст од 20 одсто на вториот циклус на студии. Поточно цената за нив за мастер студиите изнесува 1.200 евра.