Универзитетот за Туризам и Менаџмент од Скопје активно се вклучи во националниот проект за здрава исхрана, насловен како „Растеме здраво“, кој го поттикнува и реализира познатиот гастроном Влатко Огненовски во соработка со Општина Карпош.
Студентите од Факултетот за туризам и Факултетот за меѓународен аркетинг менаџмент при УТМС , активно се вклучија во проектот, при што во една од градинките во општина Карпош имаа можност да проследат како се подготвува здрава храна, но и како се реализира еден ваков настан.
Станува збор за општествена кампања чија цел е поткренување на свеста кај родителите за приготвување на здрава храна за нивните деца. Проектот вклучува караван од работилници кои се оддржуваат во градинките и училиштата на подрачјето на Општина Карпош, а кои вклучуваат предавање, готвење и дегустација.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1336-utms-del-od-proektot-za-zdrava-hrana#sigProIdca3aa04882