ВО ПОСЕТА НА УТМС ЕЛИТАТА НА ТУРСКАТА ГАСТРОНОМИЈА И КУЛИНАРСТВО

ВО ПОСЕТА НА УТМС ЕЛИТАТА НА ТУРСКАТА ГАСТРОНОМИЈА И КУЛИНАРСТВО

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје на 11.11.2015 година заедно со тимот на „Вкусот на традицијата“, беше домаќин на делегација на турската федерација на готвачи „ТАШВЕД“, односно елитатата на турската гастрономија и кулинарство, која во Република Македонија ќе престојува пет дена.

Станува збор за најнаградуваните турски готвачи и менаџери од реномирани ресторани и хотели од Република Турција, кои во нашава земја ќе го споделат своето искуство и знаења со македонски кулинари и угостители.

По тој повод во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје се одржа прес-конфернција на која пред голем број претставници на медиумите и други гости, од страна на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје и тимот на „Вкусот на традицијата“ најнапред беше најавена реализацијата на проектот "Македонија домаќин на елитатата на турската гастрономија и кулинарство", односно целите на проектот како и текот и активностите.

Истовремено беше објавена соработката со „ТАШВЕД“ Турската Федерација на готвачи, во чие име зборуваше специјалниот гостин од Република Турција - г-дин Јалчин Манав, кој инаку е претседател на оваа федерација.

Во своето обраќање, Деканот на Факултетот за туризам при Универзитетот за туризам и менаџмент Доц. Д-р. Сашко Граматниковски, ја истакна потребата од реализација на проекти низ кои се поттикнува соработка со практичари кои се во врвот на светското кулинарство и угосителство. Едукативната цел на проектот е дотолку поголема со оглед на взамната размена на искуства што ја надополнуваат сликата на интеракција на двете блиски и богати култури“, рече Граматниковски.

Како што истакна, пак, авторот на проектот „Вкусот на традицијата “ г-ѓа Адријана Алачки, проектот е резулат на природен развој на редовната комуникација и досегашната соработка со „ТАШВЕД“ која како што рече датира од 2011-та година, со желба да се истражи традиционалоната и модерната турска кујна.

„Сега влегуваме во понапредна фаза низ која на оваа моќна турска Федерација ќе им ги презентираме македонските ресурси и потенцијали, со што веќе можеме да ги зацврстиме темелите на богатата идна соработка. Токму настаните кои сега се случуваат се огледало на сериозните намери на турската и македонската страна за поблиска и континуирана соработка. За прв пат на покана на „Вкусот на традицијата“ највисокиот претставник, токму г-дин Јалчин Манав кој со оглед на неговото богато искуство и достигнувања е изгласан за доживотен претседател на „ТАШВЕД“ е денес тука со нас и нему му ја должам благодарноста што успеа да ни донесе дел од најрепрезентативните претставници на турската гастрономија и угостителство. Секако голема чест е што е препознаена вредноста на проектот и поддршката на ниво на институции е од извонредно значење. Тука би сакала посебно да се заблагодарам на Универзитетот за туризам и менаџмент и на тимот на Примарк Комуникации со чии сесрдни заложби работевме на планирање и реализација на сите активности." изјави г-ѓа Адријана Алачки.

Посебна благодарност на УТМС и „Туркиш Еарлајнс“ изрази и претседателот на „ТАШВЕД“ г-дин Јалчин Манав, кој во своето обраќање ја презентираше работата на оваа моќна Федерација во која членуваат 17 организации, а една е и од членките на ВАЦС (WACS) – Светската Федерација на готвачи. Тој ја истакна неоходноста од едукација и потребата од проекти преку кои ќе се разменуваат ускуства и ќе се остварат контакти, но и ќе се отворат портите за поактивна соработка на полето на кулинартсвото и угостителството а што уште повеќе ќе ги зближи двата народа и секако ќе влијае на туризмот на обете земји.

Г-дин Манав како извонредно значајна ја истакна можноста за запознавањето на македонската традиционална и современа кујна, и изрази голем интерес за запознавање на ресурсите во туризмот на Македонија. Воедно, тој ја потенцираше потребата од врвна едукација на работниците во туризмот, угостителството и кулинарството, при што објави дека во Турција веќе се при крај подготовките за отворање на Академија на готвачи.

Делегацијата која во Македонија ја предводи г-дин Јалчин Манав се состои од дел од најнаградуваните турски готвачи: Ведат Башаран, Ејуп Кемал Севинч, Ердем Дирбали, Јавуз Хошкал, Кадир Јилмаз, Мурат Сали, Онур Арслан, Онур Карачај и Јатих Јарбаши. Покрај врвните готвачи сите главни шефови во престижни ресторани, дел од делегацијата се менаџери на хотелите Тујап Палас, Корин Хотел, Отоман Империал Хотел, Мерит Хотел и Казино во Фетие и рестораните Матбах, Хамди и Нар Локатаси. Како белег на турската традиција доаѓаат г-дин Насух и главниот менаџер на компанијата Сини Бурек и Баклава.

Во тек на посетата, ќе бидат реализарани предавања и едукативни средби на Универзитетот за туризам и менаџмент, како и еднодневна практична работа во вид на соработка со дел од македонските најдобри готвачи, кои заедно со главните шефови од Турција ќе подготвуваат специјално мени за настанот „Вечер на турска гастрономија“

За време на петдневното гостување на делегацијата од Турција, покрај посета на угостителски објекти во Скопје, опфатена е посета на хотели и ресторани во Битола, Охрид, Струга, Гостивар и Куманово, средби и дискусии со „ХОТАМ“, како и туристички разгледи со професионални водичи на локалитети низ кои ќе се претстави македонската богата културна ризница.

 

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).