СВЕЧЕНА ПРОМОЦИЈА НА СЕДМАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ДОДИПЛОМЦИ И ПЕТТАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ПОСТДИПЛОМЦИ

СВЕЧЕНА ПРОМОЦИЈА НА СЕДМАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ДОДИПЛОМЦИ И ПЕТТАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ПОСТДИПЛОМЦИ

Да се биде дел од УТМС е привилегија

Во преполната сала на Македонската опера и балет на 02.11.2015 година, Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, ја промовираше седмата герерација на дипломирани студени на прв циклус на студии и петтата генерација на магистрирани студенти на втор циклус на студии, од факултетите кои функционираат во рамките на УТМС.

Свечената промоција започна со балетска престава, која всушност преставуваше симулација на она што преставува УТМС, пред се желба на младите за надградување на своето образование, но и секако можноста да се биде дел од еден од најдобрите приватни универзитети во Република Македонија.

На Свечена промоција дипломите на дипломираните студенти и магистри им ги врачи Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент Проф. д-р Аце Миленковски, пред кој свечено се заколнаа и обврзаа дека чесно и одговорно ќе ги извршуваат своите идни работни обврски.

Одржувајќи го последниот академски час Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, Проф. д-р Аце Миленковски, во својата поздравна реч истакна

„Да се биде дел од Универзитетот за туризам и менаџмент, не е само можност, желба или одлука. Да се биде дел од УТМС е привилегија. Привилегија за оние кои знаат да го одберат најдоброто. Привилегија за оние кои сакаат да успеат во својот живот. Привилегија за оние кои сакаат да изградат кариера на цврсти основи. Таа привилегија им ја даваме ние. Овде на УТМС. Градиме кадар кој успева да доминира секаде каде што ќе биде испратен да извршува практична настава, или, пак да формира работен однос. Изготвуваме кадар, кој е свесен за своите способности и знаења. Кадар кој е препознатлив по своите вештини. По своите компетенции. Кадар кој е едноставно најдобар. Најдобар, бидејќи имал можност да учи според методологија претпознатлива само за брендираните Универзитети во светот. Најдобар, бидејќи има диплома која е важечка во целиот свет. Најдобар, бидејќи студирал на Универзитет кој е дел од светската мрежа на знаење. Најдобар, бидејќи во својата диплома го носи знакот на Универзитет, кој по втор пат е прогласен за Супербренд во високото образование во Република Македонија“, рече Миленковски.

Обраќајќи им се на присутните родители на манифестацијата, Ректорот на УТМС, Проф. д-р Аце Миленковски, им посочи дека на своите деца треба да им кажат дека тие го оствариле не само својот, туку и нивниот сон. „Вечерва кажете им дека вашите мисли се само за нив. Кажете им дека нема ништо поубаво од тоа да бидете горд татко, мајка, сестра, сопруг, сопруга, момче или девојка. Кажете им дека го изодеа својот пат. Кажете им дека успеаја во својата цел. Кажете им дека неуспехот никогаш нема да ги стигне, ако нивната решителност да успеат е доволно цврста. Соберете го сиот здив во себе и кажете им. Кажете им колку сте горди вечерва“, додаде Проф.д-р Аце Миленковски.

На свечената промоција на најдобрите студенти на прв циклус на студии им беа доделени пригодни подароци, а за најдобра, односно со титулата Summa Cum Laude се закити Ардијана Љаља, која во името на сите додипломци истакна “Сметам дека човечките суштества се најмоќните свесни суштества на оваа планета. Луѓето имаат потенцијал не само да си создавааат среќен живот за себеси, туку и да им помогнат на другите луѓе. Токму ова го прави Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје, кој ми овозможи да го реализирам мојот сон. Со реализација на сопствените потенцијали и со верба во сопствената способност може да се изгради подобар свет. Врз таква основа, јас заедно со Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје, успеав да се трансформирам себеси, зголемувајќи ги добрите особини, а намалувајќи ги негативните и со тоа надградувајќи се како лично така и професионално“, рече Љаља.

За најдобар, пак студент од втор циклус на студии, односно Magna Cum Laude беше прогласена студентката Ивона Равлиќ, која пред присутните рече „Поимите лидер, најдобар и пример за останатите ги научив во оваа образовна институција, но не само теоретски, туку и на дело, од личноста која најдобро знае да го покаже тоа. Ви благодарам почитуван Ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент, Проф. д-р Аце Миленковски, што ми покажавте како треба да се однесува еден лидер, како треба да се следи својот сон и како се постигнуваат поставените цели во животот. Воедно Ве уверувам дека ќе ја оправдам Вашата доверба кон мене, ќе ги практикувам Вашите чекори кон успехот, а оваа диплома ќе ми биде најјаката потпора во понатамошната кариера и силен доказ за моето знаење, вели Равлиќ.

На свечената седница присуствуваа и гости од други Универзитети од Република Македонија, како и гости професори од странство. Дел од нив носители на титулата Professor honoris causa Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).