Почитувани студенти, идни колеги,
Денес го прославуваме Меѓународниот ден на студентите. Најголемиот студентски празник. Ден кој постои за вас, и на кој еднакво како и сите пред вас, и вие со вашата младост и полетност го оживувате духот на студентското движење, ја развивате вашата слободна мисла и се борите за вашето слободно место под сонцето.
Не постои силно демократско општество без силна студентска младина. Вие сте иднината на оваа земја и идниот стожер во Република Македонија.
Иако вашата бунтовност напати делува хаотично, сепак таа е одраз на вашите години и уште повеќе на вашата смелост да се обидете да ги промените нештата, кои сметате дека и припаѓаат само на вашата генерација.
Токму затоа вашето мислење на Универзитетот за туризам и менаџмент се зема сериозно в предвид. Затоа што знаеме дека вие сте иднината или промената што следува во светот.
УТМС стои зад вас. Ве следи во секој чекор. Ви помага и ве подучува, затоа што знае дека вие сте идните лидери во светот.
Нека ви е честит Меѓународнитот ден драги мои колеги.
Со почит
Ректор на Универзитет за туризам и менаџмент од Скопје
Проф. д-р Аце Миленковски