Студенти од втора година на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, предводени од Доц. д-р Јана Илиева, го посетија Основниот суд Скопје 2 во Скопје, и одржаа дводневен практичен час за судска заштита на правата од работен однос.
Во рамките на практичниот час, студентите има можност да се информираат за активностите и начинот на работа на Основниот суд Скопје 2 во Скопје и да присуствуваат на судските рочишта од областа на работните односи, кај судиите Хилда Мешкова и Бојана Велковска.
Низ реалните судски процеси на кои беа присутни, студентите се запознаа со потребата за градење на чувство за вербално аргументирање, реторика и презентација на фактите и тужбените наводи, како реалитет на една законска процедура и судски процес.
По завршувањето на практичниот час, тие изразија огромно задоволство од добиеното искуство и покажаа заинтересираност за почесто присуство на судски рочишта и запознавање со практичните аспекти на предметната материја која ја изучуваат на предметот „Деловно право“.
Универзитетот за туризам и менаџмент и во иднина ќе продолжи со организирање на практични посети на државните инстутиции, со цел да им овозможи на студентите одблизу да се запознаат со овие институции и практично да го видат нивното функционирање.