НА УТМС ОДРЖАНА ОБУКА ЗА ДИРЕКТОРИ НА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА И РАКОВОДИТЕЛИТЕ НА СЕКТОРИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ТЕРИТОРИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ

НА УТМС ОДРЖАНА ОБУКА ЗА ДИРЕКТОРИ НА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА И РАКОВОДИТЕЛИТЕ НА СЕКТОРИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ТЕРИТОРИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ

Согласно предходно изготвениот план и динамика, на 28.12.2015 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје се одржа обука на тема: „Лидерските компетенции на директорот на училиштето – значаен фактор во создавањето мотивиран кадар“. Оваа обука беше под покровителство на Фондот „Проф. д-р Љубе Миленковски“, а во организација на Центарот за кариера на УТМС и Факултетот за менаџмент на човечки ресурси.

На обуката топло добре дојде им посака д-р Љупка Наумовска, директорот на Центарот за кариера на УТМС, а свое обраќање имаше Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, Проф. д-р Аце Миленковски, кој говореше за лидерските компетенции и вештини, како фактор за создавање на мотивиран кадар, преку системот и методологијата за работа на УТМС.

Обуката претставува една од формите на соработка врз основа на потпишаните Договори за соработка помеѓу УТМС и основните училишта. Целта на обуката беше привлекување на внимание на вработените во воспитно-образовните институции и отварање пат за континуирана соработка за остварување на конкурентска предност од една страна, и потврдување на веќе докажаната грижа за општествена одговорност.

Обуката се состоеше од предавања и работилници за феноменот на лидерството, поврзаноста на лидерството и училишната клима, како и формите на мотивација во образовните институции од страна на Проф. д-р Константин Петковски, Проф. д-р Александра Стоилковска и и Доц. д-р Валентина Муцунска Палевска.

На обуката присустуваа 92 учесници, кои се здобија со сертификат.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).