Поп-пејачот Ѓоко Танески стана магистер по туризам. Тој објави неколку фотографии и се пофали „Отсега со м-р“. Магистерската Танески ја одбрани на Факултетот за туризам на УТМС, на тема „Културното наследство и културните манифестации во функција на туризмот“.
Тој пред неколку месеци ги бранеше тезите на својата магистерска работа, а сега пред четиричлена комисија од факултетот го одбрани и магистерскиот труд.
Танески веќе долго време е на музичката сцена, а во 2010 година ја претставуваше Македонија на Евросонг во Норвешка.