Најдобрите студенти од Универзитетот за туризам и менаџмент- Скопје, се вклучија во следење на еднонеделна МВА едукативна програма на тема: „Лидерство и организациско однесување” на престижниот Maastricht School of Management во Холандија. Фокусот на предавањата на врвната професорката Стефани Џоунс на тема: „Лидерство и организациско однесување” е на иновативните лидерски компетенции кои се клучен фактор за креирање на ефикасно организациско однесување во функција на подобрување и одржливост на конкурентска корпоративна компетитивност. Оваа програма на студенти им обезбедува можности за престижен професионален и академски развој како и напредување во кариерата на глобално ниво.
Програмата која е наменета за врвни студенти од целиот свет, Maastricht School of Management, започна на 12-ти и ќе трае до 16-ти Јуни, 2017 година.
Покрај предавањата од врвни професори од универзитетот, студентите ќе имаат можност за посета на глобално водечки компании во Холандија.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1104-maastricht-school-of-management-5#sigProIdaedce23642