УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД УТМС НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: КОН СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ

УЧЕСТВО НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД УТМС НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: КОН СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ

Во организација на Министерството за образование и наука на Р. Македонија, во рамки на проектот „Кон слободното движење на професионалците“ подржан од Европска Унија, а имплементиран од LATTANZIO Advisory и конзорциум партнерот CNDIP на 19.10.2017 година во хотел „Мериот” во Скопје се одржа еднодневна конференција. На конференцијата учествуваа високи претставници од ЕУ, Министерство за образование и наука, претставници на бизнис заедницата, коморите, граѓанскиот сектор и Академијата. Централна тема на дискусија беше примената на Европското законодавство врз заедничкото признавање на професионалните квалификации.

На конферецијата учествуваа и претставници од академскиот кадар од УТМС: доц. д-р Благица Новковска и доц. д-р Љупка Наумовска.
Клучните спикери на конференцијата во своите обраќања ја акцентираа важноста на мобилноста на професионалците, услугите, добрата и капиталот во Европа во функција на адресирање на глобализацијата и дигитализацијата преку зголемување на конкурентноста на производителите на добра и услуги. Во тој правец ја наведоа потребата од израмнување на регулативите и тежнеењето кон единствен пазар без бариери, усогласување на образовните стандарди и исполнувањето на критериумите за влез во ЕУ.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај