УЧЕСТВО НА СТУДЕНТИ ОД УТМС НА СЕМИНАРОТ НА ТЕМА: ДЕНЕС НАЦИОНАЛНИ, УТРЕ НАТО ЛИДЕРИ

УЧЕСТВО НА СТУДЕНТИ ОД УТМС НА СЕМИНАРОТ НА ТЕМА: ДЕНЕС НАЦИОНАЛНИ, УТРЕ НАТО ЛИДЕРИ

Центарот за економска политика, анализа и консалтинг (CEPAC) во ко-спонзорство со НАТО и Директоратот за јавна дипломатија, на 18-ти и 19-ти Октомври 2017 година во хотел „Континетал” во Скопје организираше семинар на темата: „Денеска национални, утре лидери на НАТО”. На семинарот учествуваа педесет студенти од приватните универзитети во Република Македонија од кои десет студенти беа од Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје. За НАТО, студентите од приватните универзитети како целна група е особено важна, имајќи во предвид дека тие ќе бидат идни лидери на нашата нација и треба да имаат јасна визија за НАТО.

Целта на овој семинар беше информирање на идните политички лидери и новинари за тоа што значи политиката на отворени врати на НАТО, како и придобивките на нашата земја ако станеме дел од НАТО. Предавачи на семинарот беа високи функционери, поранешни и сегашни искусни луѓе од оваа област, што придонесе студентите да добијат директни информации и да учат од најдобрите. Тие се здобија со знаења за соработката на НАТО со партнерите и за идните предизвици, важноста на НАТО за Македонија, но и можноста Македонија да има свој придонес за НАТО. Преку средба со експерти, учење за тактики и запознавање со НАТО, овој семинар ја креираше проекцијата на студентите за визионерско лидерство на патот кон евроинтеграциите на Р. Македонија.

Студентите кои како нови лидери се стекнаа со повеќе знаење за Алијансата и се запознаа со целите, достигнувањата и идните предизвици кои стојат пред НАТО. На маргините на семинарот на студентите им беа доделени сертификати за учество на семинарот.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).