Во рамките на промотивните активности за предностите на студирање на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, матуранти од СЕТУГС „Михајло Пупин” од Скопје го посетија универзитетот. За време на посетата матурантите имаа можност да остварат средби со академскиот кадар и да добијат информации за уникатните предности на студирање на УТМС. На матурантите им беше објаснета методологијата на студирање која е аплицирана според најпрестижните универзитети во светот, меѓународно признатата диплома, апликативен моделот на учење преку вежби и пракса, можностите за студии и работа во странство, платфотмата Е-студент и Е-библиотека, примената на дигиталната технологија во процесот на учење. Во непосредната комуникација со вработените и студентите, матурантите изразија задоволство од можностите за студирање и атмосферата на УТМС.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1057-maturanti-od-setugs-mihajlo-pupin-od-skopje-vo-poseta-na-utms#sigProId5765360bf0