Претставници на Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје, проректорот за меѓународна соработка, проф. д-р Зоран Ивановски и деканот на Факултетот за туризам, проф. д-р Сашко Граматниковски, учествуваа на UNWTO „TedQual Networking Мeeting 2018” во Андора ла Велја, главниот град на Кнежевството Андора.
Состанокот на лидерите на универзитетите кои се сертифицирани со UNWTO TedQual дипломата се софпаѓа и со прославата на 20-годишнината од постоењето на Themis фондацијата, која е задолжена за реализација на сите акредитации за квалитет во високото образование која е во состав на UNWTO.
Состанокот го отворија генералниот секретар на UNWTO, г-дин Зураб Пололикашвили, министерот за образование на Андора, г-дин Ерик Жовер и извршниот директор на UNWTO Themis фондацијата, г-дин Омар Валдез.
Свое претставување на состанокот имаше и Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје, преку излагање на проректорот за меѓународна соработка проф. д-р Зоран Ивановски. Во рамките на состанокот сите акредитирани универзитети беа поканети на Меѓународната конференција „ICONBEST 2018” која ќе се одржи во Октомври, 2018 година во Скопје.
Состанокот е поврзан со Десеттиот светски конгрес за планински туризам кој се одржува во Андора од 21-ви до 22-ри Март, 2018 година, а на кој фокусот е ставен на поврзување на планинскиот туризам со најновите достигнувања во хотелската индустрија.
https://utms.edu.mk/vesti/opsti/1050-unwto-tedqual-networking-meeting-2018#sigProId19de0868c6