УТМС СО ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО ПЕТ СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ПРИЛЕП

УТМС СО ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО ПЕТ СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ПРИЛЕП

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје денес 03.02.2016 година ја продолжи својата кампања низ средните училишта во Република Македонија, овој пат во градот Прилеп. Во текот на денот беше направена презентација во пет средни училишта, односно во гимназијата “Мирче Ацев“, во СОУ “Ѓорче Петров“, во хемиското училиште “Орде Чопела“, во електро-техничкото училиште “Рисе Ристески-Ричко“ и во економското училиште СОУ “Кузман Јосифовски-Питу“.

Тим презентери ов УТМС во состав Доц. д-р Наташа Ристовска. Доц. д-р Далиборка Блажеска, Доц. д-р Сашко Граматниковски, Асс. м-р Јово Ратковиќ, Асс. М-р Горан Апостоловски и Асс. м-р Андреја Мачкиќ направија презентација на Универзитетот за туризам и менаџмент пред матурантите во овие пет прилепски училишта.

На презентацијата на идните академски граѓани им беше објаснета методологијата на работа на УТМС, начинот на студирање, наставните програми за секој факултет поединечно и секако условите за студирање.

Матурантите од овие училишта беа заинтересирани за наставните програми на Факултетот за туризам, Економскиот факултет, Факултетот за менаџмент на човечките ресурски, Факултетот за претприемаштво, и секако за Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, односно поединостите за овие актуелни наставни гранки.

Првото училиште каде беше направена презентација беше гимназијата СОУ “Мирче Ацев“, каде присуствуваа 60 ученици, следната во средното општинско училиште СОУ “Ѓорче петров“ чија презентација ја следеа 102 ученици.

Подоцна беше направена презентација и во електро-техничкото училиште ЕМУЦ “Ристе Ристески-Ричко“ каде беа присутни 44 ученици, во хемиското училиште СОУ “Орде Чопела“, на која беа присутни 42 ученици и во економското училиште “Кузман Јосифовски-Питу“, пред 47 ученици.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).