За покажано исклучително залагање, одговорност, професионален однос и активен придонес во реализацијата на активностите, проектите и промоцијата на факултетот, деканите на факултетите при Универзитет Скопје, на 05.06.2026, им доделија декански пофалници на дел од студентите.
Со деканска пофалница на Економски факултет, што ги додели деканката Далиборка Блажеска, се стекнаа: Каја Каимовска, Александар Василевски, Војана Петрова, Ненад Николовски, Михаела Димитровска, Николина Сибиновска, Марија Ристевска, Христијан Сибиновски, Тамара Павлеска, Ана Ковачевиќ и Миа Николовска.
Со деканска пофалница на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, што ги додели деканката Александра Стоилковска, се стекнаа: Тамара Милојеска, Викторија Панчевска, Данило Јањиќ, Теодора Белобрадиќ и Матеј Спасовски.
Со деканска пофалница на Факултетот за туризам, што ги додели деканот Сашко Граматниковски, се стекнаа: Јана Карајановска, Матеја Стојаноска, Бисера Бајро, Нина Иванова и Ива Каимовска.
https://utms.edu.mk/vesti/nastava/2785-dodeleni-dekanski-pofalnici-za-najaktivnite-studenti-na-univerzitet-skopje#sigProId0d95c923ce

ЗАПОЗНАЈ СЕ СО ИСТОРИЈАТОТ