СТРУЧНА ПРАКСА ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО КТ ДОО „БАСМЕ КОНСАЛТИНГ“

СТРУЧНА ПРАКСА ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО КТ ДОО „БАСМЕ КОНСАЛТИНГ“

Студентите на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси својата професионалност ја стекнуваат и надградуваат со стручна пракса во соодветни компании во Република Македонија.

Целта е да се унапреди способноста на студентите за успешна примена на стручни и практични сознанија и методи во дадени конкретни ситуации, како и да се придонесе за интензивно поврзување на теоријата со праксата.
Како повратен ефект од сето ова се очекува студентите во текот на изведувањето на праксата да се здобијат со соодветни коопетенции за извршување на работни задачи од областа на Менаџментот на човечките ресурси како и да стапат во контакт со професионалци од областа, кои ќе бидат инспирација и мотивација после нивното дипломирање да работат иста или слична работа.

Факултетот за менаџмент на човечки ресурси се грижи за доследност во изведувањето на стручната пракса поради што ги подетува студентите на лице место. При таква посета во консултантската куќа БАСМЕ- КОНСАЛТИНГ, Леона Танасковска, студентка во прва година на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, беше во вистинска работна атмосфера, во консултации со менторот од компанијата, м-р Бети Деловска.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај