СТУДЕНТИТЕ ОД ФМММ ГИ ИЗБРАА СВОИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ И ПРЕСТАВНИЦИ ВО СТУДЕНТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА УТМС

СТУДЕНТИТЕ ОД ФМММ ГИ ИЗБРАА СВОИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ И ПРЕСТАВНИЦИ ВО СТУДЕНТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА УТМС

Во рамките на востановената пракса за избор на тела и органи на студентската организација на Универзитетот за туризам и менаџмент, на ден 17.09.2015 година беше направен избор за претседатели и претставници од студентите од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент. Изборот се однесува на телата и органите на Студентската организација како и за Сенатот на Универзитетот за туризам и менаџмент.

Студентите од прва година кандидираа тројца студенти за претседател на прва година, Емир Реџовиќ, Елена Наковска и Мила Андонова. Согласно спроведеното гласање најголема доверба кај студентите доби кандидатот Елена Наковска, која што беше избрана за претседател на оваа генерација. Истот така студентите Емир Реџовиќ и Мила Андонова беа избрани за претставници на студентите од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент во претседателството на Студентската организација.

Студентите од втора година го избраа Петар Костадиновски, а студентите од трета година го избраа студентот Филип Филиповски. Во иднина овие студенти ќе ги претставуваат студентите од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент пред телата на Универзитетот.

Изборите на претставници за студенската организација беа надгледувани од Деканот на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент Доц. д-р Далиборка Блажеска и од менторот на студентите од прва година на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент Асс. м-р Андреја Мачкиќ.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај