Постојана комуникација со студентите по однос на прашањата во врска со редовноста на настава, методологијата на работа, изработката на семинарски трудови, како и анализата на досегашните постигнати резултати не изостанува. Асистентите се најважната алка во процесот на комуникација, помеѓу студентите и професорите. Како неразделен дел од таа комуникација со студентите се и професорите и деканот на Факултетот. Заедничката соработка овозможува надминување на евентуални проблеми во текот на наставата со цел да се добијат што е можно поголеми знаења, вештини и компетенции на студентите кои се зашипани на нашиот факултет.