Континуираната координација продолжи и со презентација со студентите на првата година на Економскиот факултет на УТМС, посветена на моделите и методолошките пристапи за изборот на темите за семинарски трудови и презентации, подготвувањето, поднесувањето и презентирањето, базирано на најдоследната примена на системот на студирање на УТМС.
Пред студентите симултано и со активно учество на презентерите: Хана Ајдини, Албина Дарлишта и Сања Станкова, беше разработена темата „Организирањето (како фаза на Менаџментот) на реалниот пример на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје".
Активностите на овој план континуирано ќе продолжат и со студентите од останатите години, согласно програмата.