Студентите на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси уште еднаш потврдија дека човечкиот капитал и пријатната атмосфера за работа се клуч за успехот на една работна организација.
БАСМЕ е приватна компанија, која обезбедува обуки и професионален менаџмент, а која е дел од успешните бизнис приказни на македонскиот пазар.
Како еден од пионерите во менаџмент консалтинг и обука во Македониа, БАСМЕ во своите редови има професионален кадар, кој несебично ги споделува своите искуства и многу умешно го пренесува знаењето на нашите студенти.
Атмосферата која владее во оваа компанија ги мотивира студентите да бидат постојано во потрага по нови искуства, нови можности и секако секогаш да бидат подготвени да го дадат својот максимум.
УТМС, продолжува и понатаму со соработка со успешни компании кои се секогаш подготвени несебично да ја поддржат младата генерација која треба да биде дел од ваквите успешни приказни во иднина.
https://utms.edu.mk/vesti/nastava/243-studentite-na-fakultetot-za-menadjment-na-chovechki-resursi-vo-ushte-edna-uspeshna-biznis-prikazna#sigProId63d11718b0