Студентите на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје поделени во групи за кои е задолжен ментор, кој инаку континуирано ги следи нивните активности во текот на академската година, редовно одржува со нив средби на кои се дискутира за прашања за повеќе прашања.
На Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент редовно се оддржуваат менторски часови со студентите од прва година на кои се дискутира за тековните настани на УТМС и наставата. Ментор на студентите од прва година на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент е асс. м-р Андреја Мачкиќ.
Оваа заедничка соработка овозможува надминување на евентуални проблеми во текот на наставата со цел да се добијат што е можно поголеми знаења, вештини и компетенции на студентите кои се запишани на нашиот Факултет. Средбите помеѓу наставниот кадар и студентите уште еднаш ја потврдуваат уникатноста на УТМС заради постојаната непосредна комуникација и грижата за нашите студенти.
https://utms.edu.mk/vesti/nastava/203-mentorski-chasovi-so-studentite-od-fakultetot-za-megjunaroden-marketing-menadjment#sigProIdedf4427877