НА  УТМС СЕ ОДРЖА СВЕЧЕН АКАДЕМСКИ  ЧАС СО СТУДЕНТИТЕ НА ПРВ ЦИКЛУС  СТУДИИ  ВО АКАДЕМСКАТА 2020-2021

НА УТМС СЕ ОДРЖА СВЕЧЕН АКАДЕМСКИ ЧАС СО СТУДЕНТИТЕ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ ВО АКАДЕМСКАТА 2020-2021

На Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, денес, 01-ви Октомври, 2020 година, се одржа свечен академски час, со што беше одбележан почетокот на наставата за студентите запишани на прв циклус студии во академската 2020-2021 година.

Во амфитеатарот на универзитетот, согласно Протоколот за работа во услови на Covid-19 пандемија, свеченоста почна со интонирање на студентската химна Gaudeamus Igitur, по што со пригодна реч на студентите им се обрати проректорот за настава проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски кој од името на ректорот, проф. д-р Аце Миленковски и од името на целокупниот наставен кадар им посака топло добре дојде. Во своето обраќање проректорот посебно ја истакна посветеноста на наставниот кадар во реализацијата на квалитетна настава со примена на методологијата на студирање по кредит трансфер системот на Болоњската декларација, потенцирајќи ја уникатноста на УТМС како единствен универзитет кој доследно го спроведува ЕКТС системот на студирање со примена на дигиталните технологии. Во понатамошното излагање, проректорот истакна дека студентите ќе се стекнат со конкурентни компетенции кои ќе им овозможат активно и престижно креирање на професионалните кариери.

На крајот од своето обраќање им посака успешна академска година.

По завршувањето на свечениот академски час студентите од секој факултет имаа одделни средби со деканите на кои беа информирани за идни активности во академската 2020-2021 година, примената на дигиталната технологија во процесот на студирање, наставните програми, распоред на настава, користење на Е-индекс, Е-студент и Е-библиотека.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).