Во Амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, на студентите на втор циклус, последипломски студии, им се обрати ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Аце Миленковски. Во своето обраќање Ректорот посебно го истакна образованието како најважен столб за просперитет на општеството, посветеноста на наставниот кадар во реализацијата на квалитетна настава со примена на методологијата на студирање по кредит трансфер системот на Болоњската декларација, потенцирајќи ја уникатноста на УТМС како единствен универзитет кој доследно го спроведува ЕКТС системот на студирање. Во понатамошното излагање, Ректорот истакна дека студентите ќе се стекнат со конкурентни компетенции кои ќе им овозможат активно и престижно напредување во професионалните кариери.
https://utms.edu.mk/vesti/nastava/1439-obrakjanje-na-rektorot-na-utms-pred-studentite-na-vtor-ciklus-posdiplomski-studii#sigProId5adf1caaf1