Е ПОСТОИ УСПЕХ БЕЗ ТЕШКОТИЈА, НО И УСПЕХ БЕЗ НАДЕЖ И ЖЕЛБА
Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, денес 28.11.2015 година со одржувањето на Свечениот час, ја отпочна наставата за студентите запишани на втор циклус студии во академската 2015/2016 година.
Во преполната сала во Амфитеатарот на Универзитетот, каде беа присутни над стотина постдипломци, со пригодна реч се обрати Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент Проф. Д-р Аце Миленковски, кој во својата поздравна реч истакна ”Секој камен од круната има своја вредност, секоја победа има трага, секоја трка има цел. Нашите камења сте вие. Победата е наша, а целта е заедничка. Вашата цел е да добиете знаење, нашата да го испорачаме тоа знаење. Јас најодговорно ви ветувам дека тоа ќе го добиете. Нашата посветеност кон работата, едноставно го бара тоа од нас. Вашата посветеност кон одлуката да се образувате, ја зголемува нашата одговорност кон вас. Вештините и компетенциите со кои ќе се стекнете на Универзитетот за туризам и менаџмент се само дел од вашата идна лична професионална карта на која ќе бидете особено горди. Горди, затоа што сте совладале уште една пречка. Горди, затоа што сте се издигнале за уште едно скалило погоре. Горди затоа што сте го направиле вие самите тоа, а ние горди, затоа што сме биле дел од вашата трка", рече Ректорот Миленковски, кој подвлече дека не постои успех без тешкотија, но и успех без надеж и желба.
“Од денес зацртајте во вашите роковници дека желбата ќе биде таа што ќе ве движи понатаму, а надежта ќе биде таа што ќе ви ја даваме ние овде на Универзитетот за туризам и менаџмент. Професионалниот тим на професори, кој ќе се потруди да стигнете до крајната цел. До крајот на еден пат. До посакуваната цел. До успехот, за кој гарантираме. За успехот во совладани знаења и компетенции. Во вештини. Во нови научни авантури. Во нови предизвици. УТМС стои зад вас. Целосно, со сиот свој легитимитет“, рече Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент Проф. Д-р Аце Миленковски.
По завршувањето на свечениот час, сите студенти имаа можност да присуствуваат на предавањето по предметот “Методологија на научно истражувачка работа“ од Д-р Зоран Ивановиќ, инаку редовен професор на Факултетот за менаџмент во туризмот и угостителството, при Универзитетот во Ријека.
https://utms.edu.mk/vesti/nastava/1321-zapochna-nastavata-za-studentite-na-vtor-ciklus-na-studii#sigProIda075941f41