Студентите од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје заедно со дел од професорскиот кадар, односно Доц. д-р Зоран Стрезовски, Д-р. Љупка Наумовска, Асс. м-р Горан Апостоловски, Асс. м-р Марина Стојмирова, како и демонстраторите Мила Ѓорѓиевска и Стефан Ристовски, а предводени од Деканот на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, Доц. д-р Далиборка Блажеска, на 19.02.2016 година традиционално го посетија интернационалниот саем за туризам во Белград, кој годинава се одржува по триесет и осми пат.
Тимот на УТМС реализираше кратки средби со претставниците на впечатливите излагачи, односно Египет, Црна Гора, Унгарија, Словенија, Индонезија, Грција, Турција, Индија, каде имаше можност да разговара на теми поврзани со националното брендирање, претставувањата на нациите и културите, како и трендовите во туризмот.
Истовремено беше посетен и штандот на Република Македонија, каде директно се состана со претставниците на саемот.
Најдоминантен излагач на саемот и главен покровител беше Република Словенија, чие маркетинг претставување, програма и визулено брендирање преставуваше одличен пример за национално брендирање на држава на настан од ваков вид. Во една од халите која беше предвидена за образовни институции од областа на туризам, тимот на УТМС се состана со претставниците на престижниот универзитет Сингидунум од Белград, со кој УТМС има долгогошична соработка.
Тимот на УТМС, односно присутните студенти имаа уникатна можност да присуствуваат на мултидисциплинарна манифестација која обединува глобален маркетинг, маркетинг на услуги, туризам, брендирање на нации, организација на настани, вмрежување и менаџмент.
Со преку 1000 излагачи и преку 60.000 посетители од целиот свет, овој саем претставува најголема туристичка манифестација во Белград и Југоисточна Европа. Во рамки на саемот за туризам се одржуваат и саем за угостителска опрема HORECA и меѓународен саем за вино BEOWINE. Овогодинешниот слоган на саемот беше „Где још нисте били“.
https://utms.edu.mk/vesti/megjunarodni-saemi-i-praktikumi/991-utms-na-saem-za-turizam-vo-belgrad#sigProId7fdca6411b